Помали казни за тие што признаа дека регрутирале граѓани во војните на Блискиот Исток

by Фокус

Основниот суд Скопје 1 денеска донесе пресуда за петмината во скучајот  „Ќелија“ кои претходно ја признаа вината. На Иса Фуга му е одредена затворска казна во траење од 4 и пол година, Абдула Абдулахим 3, 1 година затвор, Ерол Рустеми 4 години, Имери Мухамеди во траење од 2 години, а на Стефан Стефановски судот му одреди казна затвор од 2 години.

Во овој случај единаесетмина беа обвиниети дека регрутирале граѓани за да се борат во кризните жаришта на Блискиот Исток. Од нив, петмина ја признаа вината и денеска добија помали казни.