Полска се нуди САД да постави нуклеарки на нејзина територија

by Фокус

Полскиот претседател Анджеј Дуда се пофали дека им се понудил на НАТО и САД неговата земја да „споделува“ нуклеарно оружје, што би значело се од распоред на нуклеарни ракети до понуда на авиони за придружба или извидување за нуклеарна миси.

-Проблемот, пред се, е што немаме нуклеарно оружје. Секогаш постои потенцијална можност да се учествува во нуклеарното споделување – рече Дуда во интервју за весникот „Газета“.

Официјален претставник на Белата куќа рече дека не знаеле за прашањето што се покренува и упати дополнителни прашања до полската влада.

САД и НАТО претходно јавно изјавија дека немаат план да распоредат нуклеарно оружје во земјите кои се приклучија на Алијансата по колапсот на комунизмот.

Полска, најголемата членка на НАТО од поранешниот Варшавски пакт, е еден од најгласните поборници за зајакнување на источното крило на Алијансата.

Сојузниците како Германија, Белгија, Холандија, Италија и Турција се домаќини на американско нуклеарно оружје на нивна територија.

Во април, Јарослав Качински, де-факто лидерот на Полска како шеф на владејачката Партија на правото и правдата, изјави за германскиот весник Велт ам Зонтаг дека неговата земја е „отворена“ за домаќинство на американско нуклеарно оружје.

Поврзани новости