Полска ќе гради три нуклеарни централи со шест реактори

by Фокус

Полска планира да изгради три нуклеарни централи со шест реактори како дел од програмата за нуклеарна енергија, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Полската новинска агенција ПАП објави дека Моравјецки рекол оти полската нуклеарна програма е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска безбедност.

Во петокот Моравјецки на „Твитер“ потврди дека е постигнат договор со САД и Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна централа.

-Нуклеарните централи ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските услови – рече полскиот премиер.

Тој потврди дека инвестирањето во нуклеарна енергија „не значи оти Полска нема да развива обновливи извори на енергија“.

Поврзани новости