385
И полицијата во Свети Николе посветено ги гони сите „Шарени револуционери” кои за време на протестите фрлале балони со боја по градските улици.
Полицијата веќе повикала на разговор 20тина демонстранти кои учествувале на последните протести од пред пет дена., меѓу повиканите се и лица кои не учествувале на протестот на 3-ти јуни.
Инаку, еден од главните ултиматуми на Шарената револуција е запирање на прогонот на демонстранти, ослободување на притворените и повлекување на кривичните пријави против сите останати соборци.