Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица

by fokus

На 4 септември во Рим, Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица. Тоа ќе се случи на специјална церемонија која ќе ја води Папата Франциско.

Во таа чест, Скопската бискупија ќе приреди таканаречена татковинска прослава „Денови на блажена Мајка Тереза“, која ќе трае од 5 до 11 септември.

Како што рече бискупот Киро Стојанов,  на оваа прослава ќе учествуваат сите граѓани на Македонија, без оглед на етничката и верската припадност, бидејќи како што истакна, Мајка Тереза е гордост на цела Македонија.

Поврзани новости