832
Вистински деликатес! Ја има нашата препорака како одлично предјадење за свечени ручеци или како дел од трпезата кога имате гости или било каква прослава.
1 тркалезен леб
100 гр чајна Пекабеско
100 гр шунка Пекабеско
3 листа марула
шери домати
маслиново масло за готвење
зачини по вкус
На лебот му ја отстрануваме средината (да направиме празнина која ќе ја наполниме како на сликата).
Шунката Пекабеско ја сечкаме на коцки и кратко ја пропржуваме на маслиново масло.
Пекабеско чајната ја редиме во круг по ѕидовите на празнината од лебот.
Потоа ги додаваме ситно сечканата марула, коцките шунка и шери доматите исечкани на половини.
Зачинуваме по вкус и ставаме кратко да се запече (околу 10 минути) во загреана рерна на 180 степени.
На здравје!