Жител од село Мустафино доби кривична пријава за затајување, плаќал гориво со службените картички на име на службените возила на Здравствениот дом Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) од село Мустафино, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР тој бил вработен како економ во Здравствениот дом Свети Николе и при тоа присвоил гориво во вредност од околу осумдесет илјади денари.
-Пријавениот, вработен како економ во ЈЗУ Здравствен дом Свети Николе, во јуни, јули и август 2023 година, во 18 наврати на бензинска пумпа во Свети Николе полнел гориво во туби, а на вработените на бензинската пумпа им укажувал да изготвуваат испратници за фактура и им ги давал картичките со податоци за службените возила на Здравствениот дом кои му биле доверени, со што противправно присвоил гориво во вредност од 79.891 денари на штета на ЈЗУ Здравствен дом, соопшти МВР.