Полицискиот радар „улови“ 715 возачи кои возеле побрзо од дозволеното

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи.

Од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости