Милановиќ: Пленковиќ ја предводи најкорумпираната влада во историјата на Хрватска

by Fokus

На крајот од предизборната кампања, актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој претендира на премиерската функција по изборите, уште еднаш го обвини премиерот и лидер на ХДЗ – Андреј Пленковиќ дека е на чело на, како што тој вели, најкорумпираната влада во хрватската историја.

Милановиќ на својот Фејсбук профил објави дека Пленковиќ по секоја цена го довел судијата Иван Турудиќ на чело на државното обвинителство за, како што вели, да го скрие „грабежот и корупцијата што со години ја вршат членови на ХДЗ“.

„На Андреј Пленковиќ не му пречи грабежот на државата и корупцијата што членовите на картелот на ХДЗ ја спроведуваат со години. Не му пречи што ја води најкорумпираната влада во хрватската историја. Но, му пречат тие што зборуваат за тоа и медиумите кои сè уште слободно пишуваат за неговиот криминал и корупција. И како секој демаскиран и загрозен диктатор, Пленковиќ ги прогласува за непријатели и заговорници“, рече Милановиќ.

„Слободните медиуми се закана за криминалниот режим на Пленковиќ и ако не може да ги купи, ќе ги замолчи со репресија и сила. И ние мора да се спротивставиме на тоа, бидејќи без слободни медиуми нема слободно општество“, рече Милановиќ.

„Доста е“, напиша Милановиќ.

Поврзани новости