47
Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи.
Од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.