(Видео)Полицискиот хеликоптер фрли над 30 тони вода за гасење на пожарот кај Бељаковце и Стрезовце

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полоцискиот хеликоптер денес исфрлил над 30 тони вода за гасење на пожарот кај кумановските села Бељаковце и Стрезовце.

-Денеска Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Бељаковце, кој се проширил на два крака и кон селото Стрезовце, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-412 ЕП врз пожарот исфрли над 30 тони вода, соопшти МВР.

Пожарот го гаснеа трите ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување,  армискиот и полицискиот хеликоптер, како и пожарникарите од неколку противпожарни единици, Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце.

Од ЦУК најавија дека дежурни екипи на пожарникари ќе останат на две позиции, и ќе внимаваат да не дојде до повторна појава на оган.

 

Поврзани новости