Крокодили избегаа од фарма во Кина поради поплавите

by Fokus

Десетици крокодили избегаа од фарма за размножување во јужна Кина за време на поплавите предизвикани од тајфунот Хаикуи, соопштија кинеските власти.

Околу 75 крокодили избегале кога се излеало езеро во Маоминг, провинцијата Гуангдонг.

Додека некои беа повторно фатени, други од локалните власти беа застрелани или убиени со струен удар од безбедносни причини.

Кинеските државни медиуми јавуваат дека досега се фатени осум влекачи, а десетици се на слобода. На жителите во близина им било кажано да останат дома, јавува Би-Би-Си.

Тајфунот Хаикуи беснее низ Јужна Азија повеќе од една недела и ги погоди Кина, Хонг Конг, Тајван и Јапонија.

Седум лица загинаа, а три се водат за исчезнати во јужна Кина откако тајфунот – сега намален на тропска бура – предизвика лизгање на земјиштето и поплави.

Шеесет и девет возрасни и шест малолетни крокодили избегале по поплавите, според Бирото за управување со итни случаи на Маоминг.

Нема информации за жртви, но властите признаа дека некои од влекачите се уште се во длабока вода. Службите за итни случаи користат сонарна опрема за да ги најдат.

Поврзани новости