Полицискиот час го прекршиле 49 лица, над 200 луѓе казнети за неносење на маска

by Fokus

Забраната за движење од 21:00 часот вчера до 05:00 часот денеска не ја почитувале 49 лица, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 260 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости