ССНМ: Слободни новинари, слободно општество

by Fokus

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници по повод 3 Мај – Светскиот ден на слобода на медиумите ја испраќа пораката дека само со одговорно, етичко и квалитетно новинарство можеме да се бориме против сите закани кон медиумите и новинарите.

– Оваа формула е успешна и во борбата за економско-социјалната стабилност на новинарите, но и како одговор против малициозните фабрики за лаги кои се претставуваат како новинарство. Токму овие закани кои го инструираат и извртуваат информирањето и ги лишуваат граѓаните од точни и проверени информации не се закана само за новинарството, туку и за функционирањето на демократијата и за понатамошен развој на општеството. Слободно новинарство е еднакво на квалитетно општество, се наведува во соопштението на ССНМ по повод Светскиот ден на слобода на медиумите.

Поврзани новости