649
Од 22 часот (12.03.2021) до 05 часот (13.03.2021) констатирано е дека 29 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 18 се на територија на СВР Скопје.
Во текот на изминатото деноноќие пак (12/13.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.