Полициски упад на МИТ универзитетот во Скопје

by fokus

Полицијата утрово направила упад во просториите на МИТ универзитетот во сите три објекти во градот, потврдија за НОВА вработени од универзитетот.

Како што брифираат изворите за порталот,  вработените уште од утринава ги држат во канцеларијата за студентски прашања каде ги проверуваат досиеајата на универзитетот.

Полицијата ги информирала вработените дека имаат налог од јавното обвинителство за да влезат на универзитетот. Освен полиција, таму има и повеќе инспектори од МВР, од Управата за јавни приходи и од Министерството за образование.

Дел од вработените се сомневаат дека се работи за одмазда бидејќи токму од овој универзитет беа избркани од работа заменик министерот на МВР, Оливер Андонов и Тони Науновски од ГДОМ.

Од МВР се уште нема официјална потврда за случајот.

Провладините медиуми пак, повикувајќи се на полициски извори, пишуваат дека во тек е голема полициска акција „Еразмус 2”, а се вршеле контроли на повеќе локации во Скопје и една во Македонски брод.

Поврзани новости