Португалецот Гутереш нов шеф на ОН

by fokus

Поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш е избран за нов генерален секретар на Обединетите нации.

Рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин ја соопшти веста, откако 15-те членки на Советот за безбедност го одржаа шестиот круг од гласањето зад затворени врати.

Договорот е постигнат на гласање во Советот за безбедноста на ОН, каде Гутереш доби поддршка од 13 членки на Советот, додека две држави биле воздржани.

Гутереш, кој беше на чело на агенцијата на ОН за бегалци до минатиот декември, го освојуваше првото место на сите претходни пет гласања.

Инаку, меѓу десетмината кандидати за наследник на Бан Ки-мун беше и македонскиот претставник Срѓан Керим, кој беше претпоследен на петтото гласање. Резултатите од шестото и последно гласање се уште не се објавени.

Поврзани новости