Против двајца полициски службеници е поднесена кривична пријава по основ на „лажно пријавување на кривично дело“, откако биле фатени во лага дека биле нападнати од авганистански мигрант.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека 34-годишниот Б.М. и 38-годишниот Б.Д. на 4-ти минатиот месец пријавиле дека биле нападнати од задржаниот К.Н. од Авганистан во Прифатниот центар за странци при СВР Скопје. Но снимките од видео надзорот не го покажале тоа.
„По извршените проверки, како и увидот во системот за видео надзор во прифатниот центар за странци, било утврдено дека во дежурната просторија немало физички контакт помеѓу полициските службеници и К.Н., што е спротивно на нивната пријава за кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“, велат од МВР.