Министерството за култура ги намали наградите на ,,Макфест,,, Захариев ги зголеми: Ни по ваше, ни по наше, наградите на средина!

by Fokus 13:26
13:26

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев одлучи паричниот фонд за награди за годинашниов „Макфест 2017“ да биде повисок од оној кој со анекс им го понудило Министерството за култура. Ова денеска го соопштија претставниците на организацискиот одбор на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

– Градоначалникот на Штип донесе одлука паричниот фонд да биде на средина, значи ниту по предлог на Министерството, ниту по претходниот преддоговор. Првата награда е во вредност од 5.000 евра, втората 4.000, а третата од 3.000 евра. Останатите награди како што се дебитант или сценски настап остануват во вредност од 500 евра, информира Драган Ристов од прес-центарот на фестивалот „Макфест“.

Според техничкиот директор Кирил Панајотов, општината има средства за исплата на наградите.

- Advertising -

– Согласно годишната програма за култура која ја усвои Советот на општината, за „Макфест“ годинава се предвидени четири милиони денари. Со тие пари можат да се покријат наградите со цел да бидеме коректни кон авторите и изведувачите кои на јавниот конкурс се пријавија под познатите услови, истакна Панајотов. Според него, со објавувањето на новиот конкурс за проекти од национален интерес на Министерството за култура за идната година ќе се знаат новите услови за, како што рече, да не се случува измена на одлуки на само една недела пред фестивалот. Од денеска почнува поставувањето ата во Домот на културата и оперативно почнува реализацијата на „Макфест 2017“ – информираат на официјалната страница на Општина Штип.

На социјалните мрежи веќе има реакции по повод паричните награди за пејачите. Дел од граѓаните апелираат наградниот фонд да биде дониран за лекување на деца чии родители собираат донации, за спас на нивниот живот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости