533
Полицијта ги пропушти првите мигранти да поминат низ македонска територија. Според најавите од терен една група од нив ќе отпатува со воз во 16 часот, а друга покасно, после 19. Откако беше отворена границата големи групи со жени и деца се упатија кон железничката станица со цел да заминат од Гевгелија. Неизвесно е колкумина од нив ќе побараат престој во државата, а колкумина само ќе транзитираат и ќе одат кон Србија.
УНХЦР ја повика Европа да им помогне на Македонија и на Србија со бегалската криза. Инаку, тензиите на граничната линија кон Грција настанаа откако се зголеми бројот на мигранти и откако привремено беше одлучено да се стопира протокот на бегалци.