402
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Скопје се казнети 138 од кои 37 за брзо возење.
-Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол., соопшти МВР.
Од полицијата велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,