Жителите на Алмендралех, мало гратче на југот на Шпанија, се во шок откако на социјалните мрежи без нивно знаење беа објавени слики од голи локални девојки, создадени од вештачка интелигенција.
Сликите се создадени со помош на фотографии од девојчињата целосно облечени, од кои многу се преземени од нивните профили на социјалните мрежи, јави Би-Би-Си.
Фотографиите потоа се обработуваат со помош на апликација за вештачка интелигенција која генерира слика на личноста, но без облека.
Досега околу 28 девојчиња од Алмендралех, на возраст меѓу 11 и 17 години, пријавиле дека биле жртви на користење на апликација за вештачка интелигенција.
Полицијата го истражува случајот и, според објавените извештаи, најмалку 11 локални момчиња се идентификувани дека биле вклучени или во креирањето на сликите или во нивното објавување преку апликациите Вокап и Телеграм.
Осомничените во овој случај се на возраст меѓу 12 и 14 години, но шпанскиот закон конкретно не опфаќа генерирање слики од сексуална природа кога станува збор за возрасни, иако создавањето на таков материјал со малолетници може да се смета за детска порнографија.
Друго можно обвинение би било за кршење на законите за приватност, но во Шпанија малолетниците можат да се соочат со кривична пријава само на возраст од 14 и повеќе години.