Полицијата во неколу акции приведе осомничени за продажба на дрога

by Fokus 11:33
11:33

Неколку лица се приведени во полициски акции против дилери на дрога во повеќе места во земјава. Според МВР во 22.30 часот во селото Жеровјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот А.И. од Чегране, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Исто така, истото време полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на улицата „Маршал Тито“ во Гевгелија ги лишиле од слобода Б.П.(19), А.Н.(18), Ф.Д.(18), Ѓ.К.(18) и П.П.(20), сите од Гевгелија, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

- Advertising -

Во 14.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на З.Ф.(52) од  Албанија била фалсификувана.

Лицето било лишено од слобода, а подоцна и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

Поврзани новости