Полицијата во моментов употребува водени топови кон демонстрантите кои протестираат против пресудата за случајот Монструм.
Како што јавува нашиот репортер на теренот, демонстрантите во моментов се наоѓаат близу поликлиниката на Бит пазар. Тие фрлаат со камења кон полициските екипи, а полицијата употребува водени топови за да ја разбие толпата. На сите демонстранти лицата им се покриени со маици.
На улица се излезени неколку илјади демонстранти. Репортерите на теренот сведочат дека камења летаат на сите страни и дека кај клучката на Јаја Паша се случува вистинска војна. Демонстрантите зад себе оставаат искршени и запалени контејнери.
Тие сметаат дека пресудата за случајот „Монструм“ не е донесена врз основа на факти и бараат оставка од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.