Полицијата упадна на свадба во гостиварско, уапсен сопственикот на кафеаната

by fokus

Вечерва, околу 18 часот, полицијата упаднала на свадба во ресторан во Гостивар по што веселбата е прекината, неофицијално дознава “Фокус”.

Како што дознаваме, полицијата се уште е во објектот, во селото Добри дол, гостиварско, при што бил уапсен сопственикот на ресторанот.

Сите семејни прослави, веселби и слави се забранети, како заштита од ширење на корона вирусот.

Поврзани новости