Зградата на МНР осветлена во боите на Франција и Австрија: Заедно ќе ја водиме оваа битка

by fokus

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија вечерва е осветлено во боите на знамињата на Франција и Австрија.

-Нашите сојузници, но пред сѐ, нашите пријатели Франција и Австрија поминуваат низ едно тажно поглавје по ужасните терористички напади. Но ние сме појаки од омразата и теророт и заедно ќе ја водиме оваа битка. Вечерва изразуваме сочуство и солидарност со нашите француски и австриски пријатели, се наведува во информацијата од МНР.

Од МНР потенцираат дека испраќаме порака дома, но и во светот – овие немили настани не можат да нѐ исплашат, но можат да нѐ сплотат.

Поврзани новости