398
Скопјанецот Р.Т.(46) вчера пријавил дека речиси една недела неможе да воспостави контакт со неговата сопруга А.Т.(33), која на 27 јули 2018 година заминала за Република Словачка на работа по претходен договор преку социјалните мрежи.
– Пријавителот до 1 октомври имал контакт со неговата сопруга по што повеќе не можел да стапи во контакт со неа, бидејќи телефонскиот број преку кој контактирале, не бил во функција, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.