808
Пoлициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Блато“ во соработка и заедничка акција со албански полициски органи вчера спречи криумчарење на ситен добиток.
Како што се наведува во МВР-билтенот, вчера во 11:30 часот во непосредна близина на Граничен камен Е 16/2, на територијата на Република Северна Македонија, биле забележани две лица кои се обидувале да прокриумчарат стадо од 182 грла ситен добиток преку државната граница од Република Северна Македонија кон Република Албанија.
Со заедничка акција со албанските полициски органи лицата се фатени и приведени, а добитокот бил обезбеден.
Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар и Ветеринарен инспекторат во Дебар, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.