509
Полицијата ги растерува демонстрантите пред владата со манифетсација на воден топ, е најновиот развој на настаните на Илинденска. Водениот топ беше донесен, но сепак не беше употребен.
За да го спречи напредокот на демонстрантите кон владината зграда, кои фрлаа јајца и камења кон објектот, полицијата реши да ги растера најжестоките демонстранти, при што има повредени и приведени меѓу нив, но и меѓу претставниците на медиумите.
Како растеше бројот и тензијата кај демонстрантите, кои се собраа откако опозицијата објави материјали за убиството на Мартин Нешковски, така бројот и на полицајците се зголемуваше, а дел од медиумите известуваат дека и дел од припадниците на МВР се здобиле со повреди.