454
Пред неколку минути во Ѓорче Петров, кај „Стара 5-ка“ демонстрантите се судрија со полицајците кои со солзавец и со флеш-бомби ги растераа по околните улички.
Група од стотина, претежно момчиња се собраа во 18 часот револтирани од вчерашното убиство на матурантот Анѓел Петковски.
Судирот дошол поради тоа што толпата мавала со камења по припадниците на МВР. Во моментов се буткаат и се палат контејнери, а неофицијално од екипата на терен дознаваме дека неколкумина се приведени. Ситуацијата е тензична, собраните извикуваат националистички пароли а наоколу има оклопни полициски возила.
Репортерите на „Фокус“ се на терен.