Полицијата проверува и порно видеа за да го најде Матеј Периш

by fokus

Српската полиција ги прверува дуир и изјавите на видовити луѓе и порно видеа коишто се шират во потрагата по исчезнатиот Хрват, Матеј Периш, изјави српскиот министер за внатрешни работ, Александар Вулин.

-Ги следите базните станици кои ја покриваат областа и гледате како мобилниот телефон се движи низ реката, што се совпаѓа со фактот дека Матеј во тоа време бил во реката. Да го игнорираме тоа, заклучокот ќе биде непобитен во моментот кога истрагата ќе заврши. Ниту една информација не ја оставивме настрана. Ги проверивме и изјавите на видовитите луѓе, пријателите и идиотските порно снимки кои се шират, во кои некој наводно личел на Матеј изјави Вулин за РТС.

Тој ја отфрли можноста за напад во случајот со исчезнувањето на Матеј Периш од Сплит. Тој напомнува дека тие го следеле движењето на сигналот на мобилниот телефон на Матеј и дека тоа се совпаѓа со претпоставката дека Хрватот бил во реката. Полицијата го пребарувала и Големиот воен остров.

– Временските услови се лоши, студено е. Експертите велат да ја следиме реката и ќе ја следиме додека не дојдеме до вистината, нагласи Вулин.

Поврзани новости