Семејства во Авганистан ги продаваат бубрезите, но и децата

by fokus

Едно семејство, вклучувајќи тројца браќа и две сестри, сите се одлучиле на операција за отстранување на бубрезите за да ги продадат за околу 1.400 евра по орган и да ги прехранат своите најблиски. Оние кои веќе ги продале бубрезите, сега ги продаваат и децата за да преживеат, бидејќи немаат повеќе што да продадат.

Брачен пар чиј идентитет не е откриен, ги продале бубрезите за да ги прехранат осумте деца, а сега размислуваат и за продавање на едно дете бидејќи се плашат дека останатите деца ќе им умрат од глад. -Пред шест месеци, мојот тригодишен син умре од глад. Можам да видам како сите умираат така…барем ако ги продадам, некој ќе ги храни, рекла 25-годишната мајка за “Sky News”.

Нејзиниот сопруг, кој се уште не одлучил кое од осумте деца ќе го продаде, истакнал дека немаат избор и дека ситуацијата име толку тешка што најмладите деца би ги продал за цена пониска од таа за бубрег. -Веќе немаме што да продадеме. Сега мора да ги продадеме своите деца и подготвен сум да го направам тоа за цена од 200 евра. Не можам да лежам секоја вечер во кревет и да ги слушам како плачат бидејќи се гладни, рекол тој.

Откако талибанците го преземале Авганистан во август минатата година, економијата е на работ на пропаст, а интернационалната хуманитарна помош е стопирана. Ефектите од ова ги чувствуваат многу семејства кои повеќе не можат да купат ни основни намирници за да преживеат.

Поврзани новости