Полицијата привела две девојки од Албанија и една од Косово во објект во Боговиње

by Фокус

Полициски службеници синоќа во периодот од 00.40 до 02.30 часот извршиле контрола во угостителски објект во село Боговиње во сопственост на Н.С.(34) од село Боговиње, при што во објектот биле затекнати пет женски лица кои ги забавувале гостите.

„Од нив две се од Република Македонија, а три се странски државјанки (две од Република Албанија и една од Косово). Странските државјанки биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамоша постапка“, информираа од МВР.

Поврзани новости