По ракометен натпревар во Велес, тренер нападнал судија, а двајца малолетници претепале врсник

by Фокус

По завршување на ракометниот натпревар меѓу РК Бисинов Вардар и РК Велес 2009 од Велес во спортската сака во велешкото основно училиште Блаже Конески се случиле два инциденти.

Како што соопшти полицијата, по завршувањето на натпреварот тренерот на РК Велес 2009 В.Г. физички го нападнал главниот судија Ж.М.(20) од Велес.

Истиот ден во 14.45 часот, пак, Љ.М.(42) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во дворот на основното училиште по завршување на ракометниот натпревар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од две малолетни лица од Велес.

Поврзани новости