Уште пред да започне протоесот пред Собранието, кога демонстрантите не можеа да пристапат до Владата, полицијата го привела Игор Јанушев, еден од членовите на „Солидарност“. Наводно тој не ги почитувал полицискит енаредби. Подоцна тој е ослободен со поднесена прекршочна пријава.
Солидарност на својот Фејсбук профил го потврди настанот и објави дека имало и други приведени, кои полицијата најверојатно ги приведувала само за да испрати порака до демонстрантите дека ќе постапува грубо и нема да има милост кон граѓаните.
-Протестите во Скопје одат добро после првичното запнување. Но, неопходно е отварање четири очи! Наш активист беше уапсен пред Владата со образложение дека не ја почитувал наредбата да се оддалечи од местото, потоа нoсен oд еднa вo другa стaницa. Во меѓувреме имаме информации но не и многу детали за други малтретирани граѓани од страна на полицијата- велат од „Солидарност“.