Јанески: На вчерашниот протест најверојатно имаше инфилтрирани провокатори

by Фокус

Сѐ беше мирно до 21 часот. И тогаш, почна нешто чудно да се случува. Се појавија чудни фаци со фантомки и дуксери врз лицата, со камења во рацете. Тие луѓе не беа таму до тогаш. Тие луѓе не седеа со нас, протестирајќи мирно, а сепак гласно против невладата, а не полицијата. Тие луѓе најверојатно се инфилтрирани провокатори, кои го ескалираа протестот, не размислувајќи колку луѓе ќе настрадаат. Тие луѓе нѐ погодија и нас со камењата, фрлени намерно за провокација, пишува новинарот Огнен Јанески во текст објавен на страницата на Цивил.

Тој пишува дека пред појавувањето на овие лица со фантомки, протестот бил мирен. Се пеела химната на Република Македонија, граѓаните им давале вода на полицајците и им подарувале цвеќиња.

-Ние не сме насилници! Ние не сме како Јанкулоска, Протоѓер, Ставрески, Груевски, Мијалков, Котевски и останатите! Ние сме луѓе кои бараме слобода! Да не дозволиме хулигани да ни ја одземат, кога сме веќе на добар пат да ја освоиме! Сопирајте ги насилниците, смирувајте ги револтираните, заврши Јанески.

Поврзани новости