487
Девојчето кое се потсмеваше со жртвите од масакрот што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар на ТикТок е приведено во полиција на информативен разговор, јави дописникот на МИА од Белград.
„ Се работи за малолетничка. Со неа е извршен информативен разговор. Против родителите ќе биде поднесена соодветна пријава, но за тоа одлучува обвинителот“, соопштија од МВР.
На социјалните мрежи се шири видео од девојче кое оди во живо на ТикТок и дава поддршка на малолетниот К. К. кој уби осум ученици и чуварот во училиштето во Врачар, а рани седум лица.
На видеото се слуша и како се потсмева на жртвите на злосторството.