541
Полицијата приведе четири жени од станбен блок во Баркинг во источен Лондон во недела, јави Ројтерс, а досега се уапсени 12 лица по терористичкиот напад во центарот на градот, пренесе ББЦ, повикувајќи се на Скотланд Јард, кој продолжува со претресите.
Четири жени со покриени лица ја напуштиле заградата и со полициски возило биле одведени, јави фотограф на агенцијата Ројтерс.
Според медиумите, во терористичкиот напад во Лондон има шест жртви и повеќе од 30 повредени лица, откако комби влетало во голем број пешаци кои се движеле по Лондонскиот мост, јавува Би-Би-СИ.