Во општина Липково, на одалеченост од 10-15 километри од селото Гошинце, е поставен полициски пункт, кој во моментот им забранува влез на новинарите во селото. Според нашиот репортер, Љубиша Арсиќ, полицајците во Липково пристигнале дури во 14 часот, а нејасно е зошто не пристигнале порано, ако се знае дека карулата била нападната во 2.30 часот по полноќ.
Откако полицијата пристигнала, на новинарските екипи им е забранет влезот, а од друга страна пак без проблем се пропушта цивилното население. Во селото веќе се и неколку новинарски екипи, кои во селото влегле пред 14 часот. Според нив ситуацијата во селото е мирна. Според нашиот репортер, околу 14 часот и неколку оклопни и борбени возила влегле во селото, а се забележувал и хилихоптер кој ја надлетувал областа. Во селото, иако добиле дозвола, одбиле да влезат екипите на ОБСЕ, бидејќи од МВР ги предупредиле дека регионот не е безбеден.
Според информации од МВР во моментот се врши увид на местото на настанот.