Полицијата ќе лови загадувачи на воздухот, јавни установи ќе го заменат мазутот со еколошки енергенси

by Фокус

Министерот за животна средина Хазби Нуредини на денешната и утрешната седница на Влада најави иницијатива каде ќе бидат вклучени сите инспекциски органи, полицијата и сите други служби за да го монитирорираат јавниот простор во насока на спречување на аерозагадувањето, рече премиерот Зоран Заев.

-Имаме непотребно палење на срништа, непочитување на законски норми, секој слободен ресурс ќе го реалоцираме. Го правиме тоа што цел свет го прави. Почитувањето на А и Б интегрираните дозволи е важно исто како јакнење на јавната свест на сите граѓани – рече премиерот Заев.

Една од мерките во таа насока, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче, е замена на мазутот со други еколошки енергенси што требаше да се направи во кумановска болница, во Затворот Ирдизово, во болницата за гинекологија во Чаир.

-Заврши постапката за гасификација во болницата во Чаир, договорот е веќе вклучен, градежните работи ќе почнат наскоро. Во кумановската болница имаше готов проект, но поради работата со ургентниот центар се прологира, тој е при крај и кога технички ќе се среди ќе ја почнеме постапка – изјави Филипче.

Скопје вчера се најде на петтото место на градови со најзагаден воздух, со 158 микрограми на кубен метар од ситните ПМ 10 честички, а во претходнииот ден полека почна да го зазема приматот и беше на десеттото место.

Поврзани новости