738
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 91 лица им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација, информира министерот Наќе Чулев.
„Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација“, напиша тој на фејсбук.
Во однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата, додаде Чулев, констатирани се вкупно 673 прекршоци.