Започнува четвртата вонредна состојба, Заев и Мицкоски имаат нови 14 дена да договорат изборен датум

by Фокус

Поради зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот и поради мерките за справување со економската криза, претседателот Стево Пендаровски вчера ја прогласи четвртата вонредна состојба, која почнува од денеска и ќе трае 14 дена.

Ако се има во предвид дека преостанатите 22 дена од изборниот процес продолжуваат после завршувањето на вонредната состојба, тогаш парламентарните избори најрано може да се одржат на 5 јули.

Но, наспроти ваквото толкување на Уставот и на владината Уредба од страна на власта предводена од СДСМ и дел од експертите, опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ смета дека одржувањето на изборите не е врзано со вонредната состојба.

Од таму велат дека уставниот рок од 60 дена во кој треба да се организираат изборите од распуштање на парламентот е изминат и, според нив, спикерот Талат Џафери треба да распише ново решение за организирање на избори.

Во таква ситуација, потребен е политички договор за изборен датум во следните две седмици, како што по вчерашната лидерска средба повикаа Џафери и Пендаровски.

Пендаровски, пак, потврди дека има директна комуникација меѓу партиските лидери и посочи дека и тој комуницира со нив, па дека дури тие биле близу до договор пред да бидат прекинати комуникациите пред неколку дена.

Поврзани новости