Полицијата казни 469 лица за неносење маска

by Фокус

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 119 мерки при сообраќајни контроли во Скопје, меѓу кои 6 за возење без возачка дозвола, 4 санкции за некористење на сигурносен појас, 5 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор, а изречени се 59 мерки за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопштија од МВР.

Од таму посочуваат дека во изминатото деноноќие во земјата регистрирани се 469 прекршоци во однос на мерката за носење лична заштита на лице.

Поврзани новости