783
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 386 мерки.
Притоа, како што соопшти МВР, 33 санкции биле за возење без возачка дозвола, 41 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за управување под дејство на алкохол, 72 за непрописно паркирани возила и 70 за неносење заштитна маска.
Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и воедно информираат дека од утре почнува обврската за носење на зимска опрема.