697
Полицијата вчера на територијата на Скопје изрече вкупно 288 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 10 за некористење на сигурносен појас, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 за користење на мобилен телефон и 2 за минување на затворен семафор.
Исто така, како што информира МВР, изречени се и 49 мерки за непрописно паркирање и 27 мерки за неносење на заштитна маска.
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, пак, во земјава регистрирани се вкупно 659 прекршоци.