Растурена забава во Волково, кај ди-џејот била најдена дрога

by Фокус

Синоќа пред полноќ во викендица во скопско Волково, полицијата по претходно добиени оперативни сознанија дека се одржува приватна забава, ги лишиле од слобода Б.К.(24), сопственик на викендицата, и уште 28 лица, меѓу кои и ди џејот (35) од Скопје.

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

При претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја.

Поврзани новости