Германската полиција уапси млад човек (18) кој е осомничен дека убил соученичка денеска во гимназијата во Сент Леон Рот.
Како што пишува германски „Тагесшпигел“, 18-годишен осомничен за убиство, кој исто така е ученик во училиштето, бил уапсен откако претходно бил во бегство. Се сомнева дека делото е извршено поради врската помеѓу девојката и осомничениот.
На местото на настанот излегле голем број полицајци, а по алармот училиштето било евакуирано.
Според германскиот медиум SWR, убиената ученичка е на иста возраст со осомничениот за убиството. Како што додава „Тагесшпигел“, нема опасност за децата и другите луѓе во училиштето.
Осомничениот утринава околу 10:20 часот нападнал ученичка во просториите на училиштето, при што таа починала од повредите. На местото веднаш пристигнале бројни полициски екипи, како и хеликоптер кој требало да го пренесе девојчето во болница, но за жал, таа на лице место им подлегнала на повредите.
Според „Билд“, осомничениот за убиството бил лоциран околу 13 часот и уапсен. Не е познат мотивот на злосторството, ниту како е убиено девојчето.
Станува збор за училиште во кое моментално посетуваат 685 ученици, а подучуваат 85 наставници.