294
Севдаир Азири советник во општина Шуто Оризари од редовите на Алијанса за Албанците е меѓу уапсените во денешната полициска акција, наводно како член на криминалната група Грчец.
Информацијата се уште не е официјално потврдена, но Фокус ја потврди од три независни неофицијални извори.
Како што утрово беше објавено, полициски екипи вршеа претреси и приведуваа членови на криминална група од скопското село Грчец.
Станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.
За во 18 часот најавено е дека изјава за медиумите ќе даде министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Ф.Ф.С.