Полицијата го пронајде украденото болничко возило, и го врати на Итна помош Кочани

by Fokus

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото по што било вратено во кругот на болницата. За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Нешто пред четири часот утринава во полициската станица во Кочани било пријавено дека од кругот на Општата болница во Кочани е украдено возило на Итната медицинска помош, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Неколку часа по пријавената кражба, во 8:30 часот утринава, полицијата го пронашла возилото по што било вратено во кругот на болницата.

„По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08:30 часот на ул.’Кирил и Методиј’ во Кочани ѝ било вратено на Итната медицинска помош“,велат од МВР.

За настанот, како што велат оттаму, е информиран Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости