Ковачевски:  Новиот предлог-буџет   обезбедува  сигурност, стабилност и  економски раст

by Fokus

Предлог-буџетот за 2023 година треба да обезбеди сигурност и стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст. Предлог-буџетот за 2023 е точката од која тргнуваме на еден нов пат на кој, како и досега успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од кризата, но и со кој ќе овозможиме полека, но сигурно да закрепнуваме и да растеме и да го подигнеме животниот стандард, нагласи на денешната прес-конфернеција во Владата премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот на Владата потенцираше дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност, како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза.

Тој образложи дека фокусот на предлог-буџетот е во неколку столба, односно справување со последиците од кризата и поддршка на најранливите, стабилен економски раст, поддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции, како и транспарентност и отчетност кои ќе се постигнат преку покажани резултати и имплементација на буџетот.

Ковачевски наведе дека се обезбедени средства и за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост итн.

Тој додаде дека предвидено е да продолжи усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, соодветно на системското утврдено решение.

Премиерот истакна дека предвидени се и зголемувањата на платите во образование, како и зголемувањето на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година.

Поврзани новости